Шкендија со 3:0 ја совлада Брера на пријателскиот дуел на ФФМ

160

Ектуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија, пред заминувањето за Анталија, го одигра првиот пријателски дуел зимава. Во Скопје на комплексот Петар Милошевски, тетовци беа подобри од тимот на Брера со убедливи 3:0.

Во комбиниран состав во кои шанса добија доста фудбалери од двете екипи, Шкендија создаде далеку повеќе шанси, а искористи три од нив.

Во првиот дел, Мазари погоди во 11. минута за водство, а потоа во вториот дел на два пати погоди искусниот Бесарт Ибраими. Младиот тим на Брера од ова не можеше потоа да се опорави.

Шкендија заминува во Анталија, а за таму има закажано дуели против екипите на Олександрија, Подбрезова, Сараево и Ордабаси.

 

ПретходноВардар тренира и се подготвува за пријателските мечеви во Анталија
СледноНикола Костески: Мора да покажеме што знаеме против Данска