Генерацијата на Станковски посилна за Мубин Мустафа од Фиорентина

213

Македонската репрезентација до 15. години, онаа која што веќе извесен период е под водство на селекторот Горан Станковски од вчера е на неколкудневен тренинг камп во Струмица.

Како што е тоа вообичаено во работата на оваа генерација, селекторот Станковски многу често ги има на собир репрезентативците со кои што работи во Академијата на ФФМ, и кои што се константно во заеднички тренажен процес и во констанста селекција и проверка.

Истата пак, овојпат во Струмица, а се надеваме за во иднина како засилување го има членот на академијата на италијанската Фиорентина, крилниот играч Мубин Мустафа, кој што со задоволство ја прифати поканата од Фудбалската Федерација на Македонија, да биде дел од овој камп и едноставно Македонија во живо да се увери во неговите квалитети. Не се сомневаме дека се работи за екстра квалитетен играч, кој што е дел од една од најпродуктивните младински школи во Италија, и кој ќе ни донесе многу репрезентативни успеси во иднина.

Оваа генерација во Струмица ќе одигра меѓусебен натпревар.

 

ПретходноГласнер самиот објави дека го напушта Кристал Палас!
СледноКире Ристевски се врати дома во Пелистер (ВИДЕО)