Данска е македонска судбина, ФФМ со поддршка: Само напред! Со срце и борба до крај!

182

Данска на спортски план е неизбежна за македонскиот спорт на стартот на 2026 година. Вечерва во Хернинг, македонската ракометна репрезентација ќе ги одмери силите со оваа земја во првиот меч од групната фаза на Европското првенство, дуелот стартува во 20:30 часот.

Пред избраниците на селекторот, Кирил Лазаров стои противник, кој е актуелен светски и олимписки првак, и воедно најсериозен кандидат за златниот медал на ЕП.

Данска ќе биде и противник на Македонија на фудбалски план. Нашиот најдобар национален тим ќе се сретне во полуфиналето во баражот за место на Светското првенство. Дуелот се игра во Копенхаген, во месец март.

И на ова големо натпреварување од Фудбалската Федерација на Македонија стигна поддршка за нашите ракометари.

„Само напред! Со срце и борба до крај“, стои во објавата на ФФМ. 

ПретходноВеќе нема дилеми, овој Баерн е најдобриот Баерн во историјата!
СледноРаководството на Реал се кае што не го „избрка“ Чаби Алонсо уште во декември