
Македонската ракометна репрезентација денеска ќе настапи на Европското првенство. Прв противник на селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници е Данска, дуелот се игра во Хернинг со почеток во 20:30 часот.
Пред почетокот на големиот предизвик за Новата Македонија убаво е да се потсетиме на одредени податоци поврзани со нашиот национлен тим.
Ќе започнеме со новата генерација, за овој тим, ова е второ Европско првенство. На претходното континентално натпреварување го освои 17 место. Имаше скор од два порази (Франција и Германија) и една победа против силната Швајцарија, на последниот меч од групната фаза, и од Берлин стигна најава дека Новата Македонија и натаму ќе ја радува македонската нација.
За селекторот, Кирил Лазаров ова ќе биде петто големо натпреварување во предводник на националниот тим.
За Македонија ова Европско првенство е осмо по ред, вкупно деветто. Најдобриот резултат го оствари во 2012 година, кога го освои петтото место. За првпат на едно големо натпреварување настапи во 1998 година и заврши на деветото место.
Најголема победа: Против Чешка на ЕП 2012 (27-21)
Најубедлив пораз: Од Чешка на ЕП 1998 (18-38)
Најдолга победничка серија: 3 меча (23.01.2012 – 27.01.2012)
Најдолга серија без победа: 9 меча (18.01.2014 – 27.01.2016)
Најмногу голови: Против Данска 32 (2012)
Најмногу промени голови: Од Франција 39 (10.01.2024)
Најмалку голови: Против Чешка, 18 (1998)










