Официјално: Мален е нов напаѓач на Рома

123
фото: AS Roma (X)

Рома и официјално се засили со напаѓачот на Астон Вила, Дониел Мален, кој доаѓа во Рим на позајмица до крајот на сезоната. Според информациите, договорот вклучува опција за откуп на 26-годишниот фудбалер.

Претходно беше објавено дека италијанскиот клуб ќе плати 2 милиони фунти за позајмицата на Холанѓанецот, со опција за откуп од 25 милиони фунти што би можела да стане задолжителна под одредени услови.

Оваа сезона, Мален одигра 21 натпревар во Премиер лигата, постигна четири гола и имаше една асистенција.

ПретходноЈакобсен знае што очекува цела Данска: Не сакам да звучам разгалено, но играме за злато!
СледноДенеска на ЕП 2026: Вечерва игра Македонија, Португалија „загрева“ со Романија