Хет трик на Миовски во Купот на Шкотска

218

Екстра голгетерска вечер имаше нашиот интернационалец и репрезентативец, Бојан Миовски во Купот на Шкотска, каде што неговиот Ренџерс обезбеди висока 5:0 победа против нисколигашот, Анан, а напаѓачот постигна три гола.

Во рамките од 1/16 финалето од ова натпреварување, Ренџерс излезе на терен и многу бргу ги реши дилемите. Миовски погоди веќе во 12. минута, за да во 32. минута веќе создаде и двојно водство.

По голот на Дауел на стартот на вториот дел, Миовски од пенал погоди за 4:0, а конечните 5:0 се дело на Асгард.

 

ПретходноГидсел: Бевме нервозни, прво од публиката, а потоа знаевме дека Лазаров ќе проба да не изненади!
СледноНилсен го памети поразот во Скопје: Пред четири години Македонија направи големо изненадување!