Башкими со триумф на контролата со Тиквеш

61
ФОТО: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947/FB

Денеска во Куманово, Башкими со 2:0 успеа да го победи Тиквеш во пријателски натпревар. Стрелци на головите беа Хебиб Саити и Емануел Аворнио. Ова беше прва контрола за двете екипи во текот на зимските подготовки.

Секако дека ова беше одлична можност за стручните штабови на двата тима да ја проверат моменталната форма на своите екипи.

Во наредните денови и Башкими и Тиквеш ќе одиграат уште некоја пријателска во пресрет на стартот на на пролетниот дел во тековната сезона во ПМФЛ.

ПретходноГоран Самарџиев со тренерски ангажман во Косово! (ФОТО)
СледноОва се сите двојки од плеј – офот во ЛК како и “костурот“ до финалето во Лајпциг!(ФОТО)