Вториот ден на Европското првенство во ракомет е ден за Македонија. Нашите момци вечерва во Хернинг против светскиот и олимписки шампион Данска го почнуваат шампионатот (20:30 ч.)
На шампионатот денеска ќе има вкупно шест натпревари. Освен мечот Данска – Македонија, денеска во групата „Б“ играат и Португалија и Романија (18 ч.).
Интересно треба да биде и на дуелите во Кристијанштад и во Осло.
Натпреварите ќе може да ги гледате на МРТ.
ГРУПА Б
18.00 Португалија – Романија
20.30 Данска – Македонија
ГРУПА Д
18.00 Словенија – Црна Гора
20.30 Фарски О. – Швајцарија
ГРУПА Ф
18.00 Исланд – Италија
20.30 Унгарија – Полска










