Еве како некогашниот селектор ги “поврзува“ Шкендија и Самсунспор!

323

Денешната ждрепка во Нион сакаше Шкендија за ривал во нокаут – фазата во плеј – офот во Лигата на Конференции, да го добие познатиот турски тим Самсунспор. Секако дека турците на хартија се фаворити во пресрет на двомечот кој ќе се игра на 19 и 26 февруари, но секако Шкендија си има свои амбици и свои шанси.

Инаку интересно е тоа што еден од нашите најпознати тренери, некогашен селектор на Македонија, некогашен играч на Вардар и други клубови, Ѓоре Јовановски, и тоа како ги “поврзува“ Шкендија и Самсунспор.

Имено во периодот од 1986 до 1988 тој го носеше дресот на турскиот тим, а во 2002 година беше и тренер на Самсунспор. Ѓоре беше тренер и на Шкендија во 2013 година, тој беше првиот стратег на тетовци по доаѓањето на „Еколог“ во клубот.

Треба да се напомене дека и Суат Зендели, некогашниот голман има своја “приказна“ кога се во прашање овие два тима. Тој во дел од својата кариера бил член и на Шкендија и на Самсунспор.

ПретходноМарко Митев со една желба: Сакаме да ја направиме горда цела Македонија
СледноИграчите на Арсими пред крајот на првото полувреме го напуштиле теренот на пријателската со Одра!(ФОТО)