
За новото раководство на македонската ракометна федерација, Европското првенство е прво големо натпреварување. Од Хернинг својата ера во ракометот ја започна претходниот претседател, Живко Мукаетов и овој спорт го направи број еден во нашта земја. Постави цврти темели и високи стандарди, на новото раководство им даде високо организирана федерација и успешна репрезентација.
Првиот човек на РФМ, Александар Стефанов, заедно со генералниот секретар, Влатко Тасевски на ракометарите им посакаа среќа, а од фановите побараа да бидат сплотени и да им дадат поддршка на ракометарите.
„Играчите да веруваат во себе, да играат со срце, зошто цела Македонија стои зад нив. Навивачите пак да продолжат да бидат нашата сила, кога сме обединети – Македонија е силна“, е дел од порака на Стефанов.
Дуелот со Данска стартува во 20:30 часот, во групната фаза Македонија ќе се сретне против Португалија (18 јануари) и против Романија (20 јануари).










