Лех Познањ или Самсунспор: Шкендија денеска ќе го дознае ривалот во плеј – офот во ЛК!

134
ФОТО: KF Shkëndija/FB

Денеска во Нион, со почеток од 13 часот, ќе се одржи ждрепката за плеј – офот или 1/16 финалето од Лигата на Конференции. И за првпат во фудбалска Македонија, за нас ќе биде интересно ако се знае дека и нашиот шампион ќе биде во барабанот. За првпат Македонија ќе има свој претставник во пролетниот дел од едно европско натпреварување, а тоа е Шкендија.

Тетовци откако успеја да обезбедат пласман, преку лигашката фаза, во нокаут-фазата, сега се во очекување на тоа со кого ќе играаат во плеј – офот. Самсунспор (Турција) или Лех Познањ (Полска) се можните ривали, а кој ќе биде и во кој дел од “костурот“ ќе се паднат тетовци ќе дознаеме денеска нешто после 13 часот.

Шкендија како клуб ќе има свои претставници на самата ждрепка, тоа ќе бидат спортскиот директор Ардиан Цуцули и Валдрин Ука, членот на управата.

Шкендија е во групата на неносители и знае дека за ривал ќе го има или Лех или Самсонспор.

Тетовци на првиот меч (19 февруари) ќе бидат домаќини, а во реваншот (26 февруари) ќе бидат гости. Шкендија знае дека во случај на пласман во 1/8 финалето таму за ривал ќе ги имаат Рајо Ваљекано (Шпанија) или Шахтјар (Украина).

Самсунспор или Лех Познањ се ривали кои секако дека Шкендија, ако одигра на своето ниво, се екипи кои можат да се минат иако се фаворити во однос на нашиот шампион.

ПретходноЗа малку ќе беше како Реал така и Барса, ама Феран Торес и Хоан Гарсија ги спасија каталонците од срам!
СледноЛамело Бол ги замолкна Дончиќ, Леброн и публиката во ЛА