Македонија памети само една победа против Данска!

391

Македонската ракометна репрезентација против актуелниот светски и олимписки првак ќе го отвори Европското првенство кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници вечерва (20:30 часот) играат против Данска во Хернинг.

Македонија и Данска имаат осум меѓусебни дуели, а само еден од нив им припаднал на „црвено-жолтите“.

Во Скопје, во дебито на Кирил Лазаров како селектор, Македонија ја победи Данска со 33-29 (17-13) во квалификациите за ЕП. Овој меч се играше во време на корона пандемијата, и за жал беше без присуство на македонски фанови. Данска во Скопје дојде после освојувањето на Светското првенство, во составот го имаше и Хансен.

ПретходноДенеска на ЕП 2026: Вечерва игра Македонија, Португалија „загрева“ со Романија
СледноЛК: Шкендија на мегдан со Самсунспор во плеј – офот