Македонија против најдобриот тим во светот, Лазаров: Немаме што да изгубиме – треба да уживаме

810

 

Македонската ракометна репрезентација осми пат по ред ќе учестува на Европските првенства, вкупно деветти во својата историја. Селекторот, Кирил Лазаров на стартот на групната фаза ќе ги одмерат силите против Данска, меч кој се игра вечерва со почеток во 20:30 часот.

За противникот е потреба посебна најава, доволен е фактот дека станува збор за актуелен светски и олимписки првак, и најсериозен кандидат за златниот медал на ова натпреварување. На другата страна Македонија се уште е во процес на транзиција после смената на генерацијата, секое големо натпреварување за момците е голем плус, бидејќи само ракометната репрезентација долго време е на европска и светска сцена.

И предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров е свесен каков натпревар ги чека. Секој ден не се игра против едно вакво име, па оттука сите што ќе добијат шанса треба да уживаат во вечерашната пресметка во Хернинг.

„Го играме првиот натпревар против најдобриот тим во светот во последните 10 години, Данска. Нема потреба да трошиме зборови за нивниот тим и да ги повторуваме истите работи. Многу сме возбудени што ќе играме против нив. Тие се дома, тоа ќе биде многу тешко за нас, но немаме што да изгубиме во овој натпревар и ќе се обидеме да уживаме во него.

Насоката за тој натпревар е дадена – како треба да изгледаме. Ние сме сигурни дека ќе биде испочитувано во голем процент од нашите играчи. Многу подобри селекции од нашата не се изнаиграле против  Данска, а поготово НЕ на нивни терен. Ние треба да бидеме мирни и да го следиме нашиот план“, изјави Кирил Лазаров пред мечот. 

Да не заборавиме во ракометниот дански храм, Арената „Јуске Банк Боксен“ која има капацетет од 15.000 места, ќе доминираат фановите на Данска, што пак ќе биде дополнителен мотив за противникот. И нашите момци ќе имаат поддршка, но истата ќе биде во многу помал, но доволен број.

Македонија покрај дуелот со Данска, во групната фаза ја чека пресметка со Португалија и со Романија.

ПретходноРаководството на Реал се кае што не го „избрка“ Чаби Алонсо уште во декември
СледноОфицијално: Шкендија „раскина“ со Рамадани и Адеми