Марио Стојановски уште две години во Вардар

73
фото: RK Vardar 1961 (FB)

РК Вардар денеска го објави новиот догово со левото крило Марио Стојановски. Тој ќе остане во дресот на „црвено-црните“ и во следните две сезони.

Стојановски е играч израснат во вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои постепено и сигурно го градеа својот пат до сениорскиот тим. Во изминатиот период тој се наметна како опција на позицијата лево крило на кого може да му се верува. Неговиот напредок беше препознаен и од стручниот штаб, кој му доделуваше се поголема минутажа.

Паралелно со клупските обврски, тој има и репрезентативно искуство со младите селекции на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата перспектива.

Клубот и во наредниот период ќе смета на неговата енергија, посветеност и желба за напредок, со јасна цел за заеднички успеси во иднина.

ПретходноМакедонските навивачи пристигнуваат во Хернинг (ФОТО)
СледноЈакобсен знае што очекува цела Данска: Не сакам да звучам разгалено, но играме за злато!