Нилсен го памети поразот во Скопје: Пред четири години Македонија направи големо изненадување!

198
Фото: ИХФ/Колектиф

Емил Нилсен е само една од многуте ѕвезди во редовите на данската ракометна репрезентација која вечерва славеше против Македонија со 36-24 на првиот меч од Европското првенство.

Со триумфот Данска продолжи да доминира во пресметките со „црвено-жолтите“, но и после пет години никако не го заборава единствениор пораз, во Скопје во март 2021 година во дебито на Кирил Лазаров.

„Пред четири години Македонија направи поприлично големо изненадување. Ми се чини дека тоа беше првиот меч на Лазаров. Не играв, но бев дел од тој меч. На денешниот пак, покажавме класа, квалитет. Иако секако беше за нас тежок меч. Но сепак, мислам дека одигравме добро. Никогаш не е лесно, да се игра против вакви екипи. Пробуваат да го забават темпото на играта. И во одреден дел од мечот и успеваат во тоа. Среќен сум. Уште еднаш ќе кажам дека Македонија е храбра репрезентација. Играше и пред четири години, игра и сега. Покажа неколку супер работи на теренот. Да, победивме со доста разлика но Македонија се покажа одлично.

ПретходноХет трик на Миовски во Купот на Шкотска
СледноФ. Острови и Швајцарија одиграа без победник, Унгарците убедливи