Полувреме во Хернинг: Македонија има негатива од пет гола против Данска

249

Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме против актуелниот и светски првак, Данска има негатива од пет гола 17-12. Дуелот се игра пред полни трибини во ракометниот храм во Хернинг – „Јиске Банк Боксен“ Арена. Со оглед на силата и квалитетот со кој располага противникот, момците на Кирил Лазаров добро се носат.

Во составот на Македонија не се најдоа искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски, како и младиот Дамјан Митев. Дебитански настап за Самоил Ристевски на едно големо натпреварување.

Томовски има четири одбрани, Серафимов четири гола од пет обиди, додека Кузмановски и Марко Митев по два гола.

По две одбрани на двете страни, на Томовски и на Нилсен. Марко Митев го отвори мечот, 0-1 во третата минута. Ристевски заработи исклучување, на другата страна Јакобсен од седум метри израмни на 1-1, Гидсел зголеми на 2-1.

После голот на Велковски за 3-3, домаќинот со серија од 5-0 набрзина зголеми на 8-3 на стартот на 10-та минута. Митев на момент го прекина налетот (8-4), но Данска продолжи во пеколен ритам, и во нападот, и во одбраната. На средината на првиот дел беше 11-5. Сепак и Македонија имаше свои минути. Вративме преку Ѓоргиев и Серафимов за 11-7. Со нови два гола во низа, овој пат на Стојковиќ и Серафимов, Македонија дојде на минус три (13-10) во 22-та минута. Иако Томовски запиша неколку одбрани, сепак Данска успеа да дојде на плус пет (17-12).

ПретходноШок на “Итихад“: Пеп во јуни си оди, познати се можните наследници?!
СледноГОООООЛ…Миовски “тресе“ за Ренџерс! (ВИДЕО)