Работнички се пофали со Зија Мерџани! (ФОТО)

97
ФОТО: ФК Работнички/FB

Зија Мерџани, левиот офанзивен бек и официјално е нов член на Работнички. Раководството на клубот од Градски парк попладнево го претстави своето засилување.

Инаку Мерџани во изминатите месеци беше без клуб откако се раздели со Шкендија. Претходно играше и за Струга ТЛ неколку сезони а е “дете“ на клубот од Тетово.

Станува збор за офанзивен лев бек и секако дека добро ќе му дојде на новиот стратег на Работнички, Муарем Муарем. Договорот е на шест месеци. 

ПретходноОва се сите двојки од плеј – офот во ЛК како и “костурот“ до финалето во Лајпциг!(ФОТО)
Следно„Кога сме обединети, Македонија е силна“