Покрај мечот во Хернинг, каде Данска славеше против Македонија, вечерва се одиграа уште две средби со што се стави крај на вториот натпреварувачки ден на ова ЕП 2026.
Во Осло, селекциите на Швајцарија и Ф.Острови одиграа без победник со резултат 28:28. На крајот драма, но сепак немаше победник па така и двете селекции мораа да се задоволат само со по бод во овој натпревар од групата Д.
Скипаготу со 9 голови беше најдобар стрелец кај Фараните, додека Леополд запиша 7 голови кај Швајцарците.
Во Кристијанштад, во натпреварод групата Ф, Унгарија со убедливи 29:21 славеше против селекцијата на Полска.
Бодо со 5 погодоци беше најефикасен кај победничкиот состав.










