Јакобсен знае што очекува цела Данска: Не сакам да звучам разгалено, но играме за злато!

288
фото: Asier Oiarbide @AsierOiarbide (X)

Под водство на Николај Јакобсен, нашиот велерашен прв ривал на Европското првенство, селекцијата на Данска, освои четири светски првенства по ред, додека тимот може да се нарече и бранител на олимписката титула по демонстрацијата на сила на Игрите во 2024 година. Но, сè уште недостасува една титула во ризницата трофеи за „војниците“ на Николај Јакобсен – златото од Европското првенство.

„Не сакам да звучам разгалено, но секако дека нешто значи тоа што играме за трофеј што сè уште не сме го освоиле како репрезентација“, вели Јакобсен во пресрет на денешниот дуел со Македонија.

Данска не го освоила златото на Европското првенство од 2012 година, а токму можноста да се наречат актуелни светски, олимписки и европски шампиони е голем предизвик за нивниот селектор.

„Имаме можност да ги имаме сите три големи титули истовремено, а веројатно таа шанса ја добивате само еднаш во животот. Тоа ќе биде уникатно достигнување и ќе направиме се, за да го оствариме“, вели Јакобсен.

Данска и Македонија вечерва во премиерата во групата Б ќе се сретнат во Хернинг од 20:30 часот.

ПретходноМарио Стојановски уште две години во Вардар
СледноОфицијално: Мален е нов напаѓач на Рома