Ламело Бол ги замолкна Дончиќ, Леброн и публиката во ЛА

92
фото: Charlotte Hornets (X)

Фантастичниот Ламело Бол постигна 27 од своите 30 поени во второто полувреме, израмни рекорд во кариерата со девет тројки, а Шарлот Хорнетс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 135-117 во еден од најинтересните натпревари од НБА синоќа. Уште еден одличен реализаториски настап имаше Лука Дончиќ и статистички разновидната игра на Леброн Џејмс, но тоа практично не значеше многу за Лејкерси.

Бол имаше 11 асистенции и шест скока, а во второто полувреме погоди осум тројки. Тој ја замолчи публиката во Лос Анџелес, потсетувајќи дека е роден недалеку од градот каде што имаше брилијантна вечер. Брендон Милер постигна 26 поени за Хорнетс, Мајлс Бриџис додаде 25, а почетникот Кон Кнуепел 19.

Победата стигна само 10 дена откако Хорнетс го шокираа водечкиот тим во НБА, Оклахома Сити Тандер, со победа од 27 поени разлика на гостински терен.

Дончиќ постигна 39 поени (19 во првата четвртина) во четвртиот пораз на Лејкерси во последните пет натпревари. Леброн Џејмс заврши со 29 поени, девет скока и шест асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Феникс 108:105
Хјустон – Оклахома 91:111
Мајами – Бостон 114:119
Сан Антонио – Милвоки 119:101
Далас – Јута 144:122
Голден Стејт – Њујорк 126:113
Портланд – Атланта 117:101
ЛА Лејкерс – Шарлот 117:135

ПретходноЛех Познањ или Самсунспор: Шкендија денеска ќе го дознае ривалот во плеј – офот во ЛК!
СледноМакедонија на Европските првенства: Која е најубедлива победа, кој е најдобариот пласман?