ЛК: Шкендија на мегдан со Самсунспор во плеј – офот

204
ФОТО: KF Shkëndija/FB

Шкендија против Самсунспор во нокаут фазата во плеј – офот во Лигата на Конференции. Така сакаше денеска ждрепката во Нион, нашиот шампион во историскиот настап во пролетниот дел во некое европско натпреварување за ривал да го има тимот од Турција.

Познато е дека тетовци беа неносители, па затоа првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на Конференции, на 19 февруари ќе го игра дома, а реваншот за седум дена се игра во Турција.

Јасно е дека Шкендија доби силен ривал, тим кој во секој случај е фаворит на хартија во пресрет на овој двомеч, но исто така е јасно дека Шкендија ако успее да одигра на овие два меча со Самсунспор како што играше во изминатите месеци во Европа, секако дека не е без шанси да ја мине оваа пречка.

Во секој случај тимот на Самсунспор е силен, но не е и непобедлив кога станува збор за нашиот шампион.

Инаку во случај ако Шкендија ја мине оваа пречка тогаш во следната фаза, во 1/8 финалето ќе ги одмери силите со подобриот од двомечот меѓу Шахтјар и Рајо Ваљекано.

ПретходноМакедонија памети само една победа против Данска!
Следно„Фудбал нема да играм ама во Вардар не се враќам“