Португалија победнички пред Македонија – лесно ја реши Романија!

101

Без изненадување на првата средба од нашата група Б на Европското првенство. Португалија ја оправда фаворитската улога, славеше против Романија со 40-34 (23-15). Оваа селекција е вториот противник на Македонија на шампионатот, мечот се игра во недела. Од она што го видовме на теренот, Португалците делуваат многу опасно, со една серија ја решија Романија.

Во првите четири минути се чинеше дека ќе гледаме неизвесен меч, барем едно полувреме бидејќи Романија влезе подобро, поведе со 1-3 после четири минути игра, беше и 2-4. Но, Португалија како од шега го сврте мечот, на дело покажа зошто е фаворит на оваа средба. Со серија од 11-3 дојде на плус шест 13-7 на средината на првото полувреме. Вториот противник на македонската репрезентација на ЕП не застана тука, продолжи во ист ритам, во 23-та минута водеше со 19-10. На одморот резултатот беше 23-15.

Во продолжение се промени ништо, Португалците „танцуваа“ во победнички ритам, а Романија едноставно беше немоќна. Во последните десет минути, условно кажано домашната селекција влезе со предност од 35-27. Романија ја искористи опуштеноста на противникот, па успеа да намали на 38-34, но не и да приреди пресврт.

Вториот меч е веќе познат, актуелниот светски и олимписки првак, Данска е противник на Македонија.

Супер интересно беше во Осло на средбата меѓу Словенија и Црна Гора, во која по многу борба на крајот славеа Словенците со 41:40. И тоа како ефикасно беше, беа постигнати дури 81 голови. Ова беше средба од групата Д.

Во меч од групата Ф, Исланд очекувано ја победи Италија и повеќе од убедливо со 39:26.

ПретходноЛазаров без Пешевски и Митревски против Данска
СледноСухељ Мухареми и официјално е нов член на Работнички