Зија Мерџани, левиот офанзивен бек и официјално е нов член на Работнички. Раководството на клубот од Градски парк попладнево го претстави своето засилување.
Инаку Мерџани во изминатите месеци беше без клуб откако се раздели со Шкендија. Претходно играше и за Струга ТЛ неколку сезони а е “дете“ на клубот од Тетово.
Станува збор за офанзивен лев бек и секако дека добро ќе му дојде на новиот стратег на Работнички, Муарем Муарем. Договорот е на шест месеци.















