За околу час и половина во Хернинг, Данска, македонската ракомена репрезентација ќе го стартува најновиот европски шампионат, и тоа со дуел против домаќинот.
Салата во која што Данска ќе ја пречека Македонија веќе полека се полни, фан зоната организирана од страна на домаќинот веќе е „окупирана“ се знае од кого. Македонските навивачи сплотени во популарната „Фаланга“ веќе ја загрева атмосферата и ечи познатото „Излези момче…“.
Да биде ситуацијата уште поинтересна, и самите домашни навивачи, данците се придружуваат на нашиот табор и се вклучуваат во „билдањето“ на атмосферата пред овој дуел.










