„Фудбал нема да играм ама во Вардар не се враќам“

2453

Вардар останува и без скапо платениот Ворен Чимбембе кој не се појави ниту на тренинзите во Скопје а ниту во кампот во Анталија каде Вардар се подготвува за вториот дел од сезоната. Фудбалерот од Конго со пасош од Франција уште во декември на своите соиграчи им најавил дека неговата мисија во „црвено-црните“ е завршена:

Ако треба фудбал до јуни нема да играм ама во Вардар не се враќам...’, била најавата на Ворен Чимбембе кон соиграчите, зборови кои станаа реалност на стартот од 2026 година во која играчот за врска исчезна од радарот. Нешто слично како и Мато и неговото „бегство“ во Уганда, затворен телефон и трансфер во Хартс, но и Донгмо кој во август без да каже „летна“ за Петролул во Романија.

А Ворен Чимбембе беше најавен како голем трансфер во Вардар, фудбалер кој играл во Мец и кој треба да ја „изгази“ лигата. Но наместо тоа тој дојде тотално неподготвен одигра 7 скромни натпревари а постигна и еден гол. Тој сега е во Франција а Вардар преку правните служби бара начин како да се соочи со овој нов проблем, кој и не е прв во клубот во изминативе меколку месеци. Таков беше и случајот со Михаил Пинтер, Словак кој исчезна од радарот и по крајот на минатата зезона не се врати во Вардар со кој имаше договор но со образложение дека: „Заминал во болница да се лечи…“.

Вардар сега ќе баран нови играчи а утре во Анталија го игра и првиот контролен меч против Јаблонец од Чешка.

ПретходноЛК: Шкендија на мегдан со Самсунспор во плеј – офот
СледноМарко Митев со една желба: Сакаме да ја направиме горда цела Македонија