Дали е можно? Иако има договор со Манчестер Сити до јуни 2027, и иако во неколку наврати самиот истакнуваше дека набрзо нема намера да го напушти “Итихад“, сепак дали е баш така. Последните вести од Островот велат дека Пеп Гвардиола по завршувањето на сезоната си оди од Манчестер Сити. Гласините за изненадувачкото заминување на легендарниот тренер следното лето продолжуваат, а сега има информации за тоа кој треба да го замени на клупата на тимот од “Итихад“.
Иако челниците на Манчестер Сити немаат ништо против Гвардиола да биде на чело на нивниот тим следната сезона, се чини дека Шпанецот е оној кој смета дека е дојдено време за промени. Моментално, Манчестер Сити е втор на табелата во Премиер лигата, шест бода зад лидерот Арсенал.
Покрај тоа, тие се во игра за освојување на Карабао Купот, Лигата на шампионите и ФА Купот. Минатата сезона беше вистинско разочарување за Гвардиола и навивачите на Манчестер Сити, но тренерот доби целосна поддршка.
Тој има уште 18 месеци од неговиот тековен договор, но разговорите за рано заминување продолжуваат да се појавуваат од сите страни.
Постојат четири потенцијални кандидати, но еден е рангиран подобро од другите.
Поранешниот менаџер на Челзи, Енцо Мареска, е на оваа листа, како и менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
Дополнително, тука е и легендата на клубот, Винсент Компани, кој врши феноменална работа во Баерн и кој е исто така омилен кај челниците на тимот од „Итихад“. Сепак, еден кандидат е пред споменатото трио, а тоа е сегашниот тренер на Борнмут, Ираола. Приказната е дополнително поттикната од фактот дека договорот на Ираола истекува на крајот од сезоната, а тој ги стави преговорите за продолжување на договорот на чекање до летото.










