Босанци ќе го судат дуелот меѓу Македонија и Португалија

245

Македонската ракометна репрезентација утре го игра вториот меч на Европското првенство. Противник на избраниците на селекторот, Кирил Лазаров е уште еден голем фаворит, тимот на Португалија.

ЕХФ ги објави судиите за оваа средба, на центарот ќе се најдат браќата Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина.

Мечот меѓу Македонија и Португалија се игра утре со почеток во 18 часот во „Јиске Банк Боксен“ арената во Хернинг.

ПретходноСалах и Мармуш трагичари, Нигерија е „бронзена“ на КАН 2026
СледноАвстрија и Украина ги спакуваа куферите, Хрватска тргна со победа