Искусниот Емре Џан е херојот на тимот на Борусија Дортмунд во домашната победа на овој тим од конечни 3:2 против тимот на Сент Паули.
Офанзивецот погоди во петтата минута од судиското продолжение и со тоа му донесе на својот тим огромни три домашни бода.
Домаќинот сосема легитимно дојде до водство со голот на Џулијан Брант во судиското продолжение од првиот дел. Адејеми зголеми на 2:0, но потоа гостите неучекѕвано со головите на Сандс, односно Џонс израмнија на 2:2. Сепак, домаќинот преку Џан на крајот успеа да се радува.
Келн на свој терен успеа да го совлада Маинц со 2:1, додека Хамбургер одигра само 0:0 против Мехенгладбах.
Хофенхаим беше поуспешен од Баер Леверкузен со минимални 1:0, а Волфсбург и Хаиденхаим ремизираа 1:1.
Од 18:30 следува големото дерби помеѓу Ред Бул Лајпциг и Баерн Минхен.










