Кузмановски: Многумина можеби не веруваат дека можеме во вториот круг, но ние искрено веруваме во себе!

641

Капитенот, Филип Кузмановски не ја губи вербата, напротив како еден од поискусните во нашиот најдобар национален тим, гази цврсто по земја. Македонија загуби од тим полн со ѕвезди и претедент на златниот медал на ЕП, кој му недостасува од 2012 година.

Кузмановски знае дека Португалија е тежок противник, но верува дека Македонија да одигра добар меч и да се најде во втората рунда.

„Можеби во грч отворивме со Данците, знаеме дека можеме да играме подобро од тоа. Португалија игра слично на Данска, со таа транзиција, брз центар, добри индивидуалци. Важно ќе биде добро да отвориме, да одиграме во исто нивво 60 минути. Овие дваесетина дена добро се подготвивме, сите знаевме дека Данска е главен фаворит за првото место, но секако дека ни беше јасно дека Португалија и Романија се мечевите на кои треба да победиме. Веруваме дека можеме да играме добро, но не треба да имаме преголем респект за противникот, да веруваме во себе повеќе од досега. Многумина можеби не веруваат дека можеме во вториот круг, но ние искрено веруваме во себе, дека можеме да одиграме квалитетно и да се радуваме на крајот. Клучно ќе биде да одиграме добра одбрана, тие да напаѓаат на наша поставена зона, со што би ги исфрлиле од ритамот што им одговара“, истакна Филип Кузмановски.

ПретходноРаботнички во офанзива: И Дестани во тимот на стратегот Муарем!(ФОТО)
СледноДенеска на ЕП 2026: Раул и Србија на мегдан со Германците, “Коцкестите“ на стартот против Грузија