
Мартим Кошта еден од најдобрите ракометари на следниот противник на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство, ги искажа своите очекувања за утрешниот дуел. Португалија стартуваше со победа против Романија во нашата група, гласи за една од најдобрите селекции на шампионатот.
„Македонија има добар тим и играат добар ракомет. Го гледав натпреварот со Данска, одиграа добро прво полувреме и добро парираа на Данците. Ќе мораме да бидеме многу добри ако сакаме победа над нив. Секако, ние сме фаворити на тој натпревар и имаме доволно квалитет за да победиме, но ќе мораме да бидеме многу сериозни затоа што Македонија е навистина добра репрезентација. Очекувам тежок натпревар, потежок отколку натпреварот со Романија. Македонија има повеќе добри играчи и играат поразновидно“, ни изјави Кошта.










