Работнички во офанзива: И Дестани во тимот на стратегот Муарем!(ФОТО)

134
ФОТО: ФК Работнички/FB

Се чини дека Работнички е во офанзива, кога станува збор за зимскиот преоден рок. Ардит Дестани, лево крило кој има 22 години и кој досега беше дел од составот на Шкупи, е најновото, четврто засилување во зимскиот преоден рок кој му става на располагање на тренерот Муарем Муарем.

Инаку Ардит Дестани е роден во Швајцарија, има играно за неколку клубови во таа земја, а во Македонија дојде минатото лето кога потпиша за Шкупи.

ПретходноЛазаров: Ние сме Македонци и поразите тешко ни паѓаат, па дури и од една Данска!
СледноКузмановски: Многумина можеби не веруваат дека можеме во вториот круг, но ние искрено веруваме во себе!