Екипата на Тиквеш денеска и официјално се пресели во Анталија, каде што следните десетина дена ќе ги одработува тренинзите од актуелните зимски подготовки.
Кавадарчани досега работеа во домашни услови, како и сите, а следува зенитот на оваа фаза од сезоната што се вели.
Под водство на стратегот Борче Христов, Тиквеш во Анталија ќе одигра и неколку пријателски средби кои што ќе бидат клучни за темпирањето на формата.















