Две репрезентации уште вечерва можат полека да ги пакуваат куферите за дома. Во групата А која се игра во Хернинг, Шпанија дојде до втора победа на Европското првенство, откако славеше со 30-25 портив Австрија. За поразениот тим ова значи дека ќе мора да се пакува, дуелот со Србија, кој е закажан за во вторник ќе биде ревијален, доколку Раул Гозналес и неговите момци не приредат изненадување против Германија.
Втора селекција која ќе ги спакува куферите е Украина, сосема очекувано беше убедливо совладана од бранителот на тронот, Франција, со 26-46. За „триколорите“ ова беше втора победа, им остана мечот со Норвешка.
Хрватска денеска стартуваше на ЕП, по голем драма ја совлада Грузија со 32-29.










