Баерн е машина: Лајпциг ги налути шампионите, па доби „петарда“

81
фото: FC Bayern (X)

Со фантастичен пресврт во второто полувреме, Баерн (М) дојде до нова (убедлива) победа во германската Бундеслига и продолжи да ги урива сопствените рекорди во националниот шампионат. На гостувањето на РБ Лајпциг, момците на Винсент Компани вечерва дозволија да го загубат првото полувреме, откако домашните преку Ромуло во 20. минута дојдоа до водство од 1:0.

Сепак, откако се вратија од собвлакувалната, шампионите покажаа зошто ги нарекуваат – баварска машина. Во 50. минута Гнабри погоди за 1:1, а по него се редеа и Кејн, Тах, Павловиќ и Олисе за конечни 1:5.

Ова беше 16-та победа за Баварците оваа сезона за убедливо прво место на табелата во Бундеслигата.

ПретходноЕлмас се пожалил на вртоглавица, ќе се чекаат лекарските прегледи
СледноАрсенал со бод од Нотингем, но со зголемена предност на врвот