Денеска е третиот натпреварувачки ден од ЕП 2026. По вчерашниот меч со Данска, нашите ракометари имаат ‘“слободен ден“, но затоа на програмата се нови шест меча. Во секој случај ќе биде интересно.
Србија предводена од Раул Гонзалес ќе има тешка задача, ќе ги одмери силите со Германија. Во случај на пораз јасно е дека нема веќе шанси за пласман понатаму, ако се знае дека на првиот меч Србите беа поразени од Шпанија. “Фуријата“ се среќава со Австрија и ако победи ќе стави печат на пласманот во главнат рунда, ова се мечеви од групата А.
Хрватска ќе го има својот прв меч и тоа против Грузија, во групата Е исто така за првпат на ова ЕП играат Шведска и Холандија меѓусебе.
Во продолжение можете да ја видите целата програма од денешните мечеви.
ДВОЈКИ
18.00 ч
Австрија – Шпанија
Хрватска – Грузија
Украина – Франција
20.30 ч
Чешка – Норвешка
Србија – Германија
Шведска – Холандија










