„Доктор“ Раул не паѓа во еуфорија: Ништо не е готово, Австрија е сериозен противник

539

Селекторот на Србија, Раул Гонзалез по големата победа над Германија нагласи дека следниот натпревар против Австрија ќе биде тежок и дека тимот мора максимално да се фокусира на тој натпревар. Шпанецот на клупата на Србија ја потврди својата тренерска класа и вечерва во триумфот над „панцирите“.

„Многу сме задоволни од тоа како игравме, но ништо не е завршено. Сепак, не сме задоволни од првиот натпревар, кој не го одигравме добро. Ова не беше најголемиот натпревар на тимот досега, но беше важен. Мора да се фокусираме на Австрија. Сега имаме поголеми шанси да ја поминеме групата, но мора да победиме. Австрија има искусни и добри играчи кои играат во Бундеслигата и ќе биде тежок натпревар“, рече Гонзалез.

Србија ќе го игра решавачкиот натпревар против Австријците во понеделник, 19 јануари, во 18 часот.

ПретходноЈуве шокиран на Сардинија, Каљари слави