Уште еден блесок на Бојан Миовски во дресот на Глазгов Ренџерс. Синоќа на свој терен во меч од 1/16 финалето во Купот на Шкотска, Ренџерс победи со 5:0 против Анан, а Македонецот комплетираше хет – трик.
Се разбира дека по мечот тој беше централна фигура за тамошните медиуми:
“Добро е што влегувам во голгетерска форма. Се трудам на секој меч да постигнам гол. На овој меч постигнав хет – трик, се надевам дека ќе продолжам во тој правец. Секако дека не е лесно да се играат вакви мечеви од Купот, видовте што му се случи на Реал Мадрид“ посочи Македонецот и дополни…
“Потребни ми се вакви мечеви каде што сум во константно движење, кога барам топка од крилните соиграчи кои се обдиуваат да ме пронајдат. Се надевам дека ова е почеток на една победничка и голгетерска серија“ изјави Миовски.










