Муриќи херој на Мајорка во голеадата против Билбао

31

Репрезенаттивецот на Косово, Ведат Муриќи постигна хет трик за тимот на Мајорка во победата од 3:2, на домашен терен против тимот на Атлетик Билбао.

Косовецот и тоа како знае уште да реализира и покрај годините, и е еден од најдобрите напаѓачи во Примера во моментов.

По само пет минути игра реализираше за водство на Мајорка. Три минути подоцна Гомез израмни на 1:1.

Во 42. минута Муриќи најпрво промаши пенал, но „од втора“ што се вели, погоди за ново домашно водство. Сепак, на полувреме се замина со 2:2, затоа што израмни Нико Вилијамс.

Муриќи по трет пат погодува, а втор пат од пенал, во 69. минута по што гостите останаа не со еден туку со два играчи помалку одеднаш. Гурузета и Гомез беа исклучени по што Билбао реално и немаше шанси резултатски да се враќа.

 

ПретходноФлорент Рамадани официјално во Дрита
СледноВо Данска, ракометот не е само спорт – ракометот е стил на живот!