Пикерот на Вардар доби суспензија од два меча на ЕП 2026

250

Ракометарот на скопски Вардар, а актуелен полски репрезентативец Виктор Јанковски, е суспендиран за следните два натпревари на ЕП.

Јанковски заработи директен црвен картон, а по анализата констатирано е дека стартот бил несмасен и опасен и тој нема да биде во тимот на натпреварите со Италија и со Исланд.

Имајќи предвид дека Полска беше поразена од Унгарија во првото коло, многу е веројатно дека нема да ја мине групата и дека Европското првенство за Јанковски веќе е завршено.

ПретходноВо Данска, ракометот не е само спорт – ракометот е стил на живот!
СледноСалах и Мармуш трагичари, Нигерија е „бронзена“ на КАН 2026