
Македонската ракометна репрезентација утре го игра вториот меч на Европското првенство. Противник на избраниците на селекторот, Кирил Лазаров е уште еден голем фаворит, тимот на Португалија.
ЕХФ ги објави судиите за оваа средба, на центарот ќе се најдат браќата Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина.
Мечот меѓу Македонија и Португалија се игра утре со почеток во 18 часот во „Јиске Банк Боксен“ арената во Хернинг.
За постетување, нашите момци вчера беа поразени од Данска со 36-24.










