Мартин Кошта за мечот со Македонија: Ние сме фаворити, но за да ги победиме ќе мора да бидеме перфектни!

874

Мартим Кошта еден од најдобрите ракометари на следниот противник на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство, ги искажа своите очекувања за утрешниот дуел. Португалија стартуваше со победа против Романија во нашата група, гласи за една од најдобрите селекции на шампионатот.

„Македонија има добар тим и играат добар ракомет. Го гледав натпреварот со Данска, одиграа добро прво полувреме и добро парираа на Данците. Ќе мораме да бидеме многу добри ако сакаме победа над нив. Секако, ние сме фаворити на тој натпревар и имаме доволно квалитет за да победиме, но ќе мораме да бидеме многу сериозни затоа што Македонија е навистина добра репрезентација. Очекувам тежок натпревар, потежок отколку натпреварот со Романија. Македонија има повеќе добри играчи и играат поразновидно“, ни изјави Кошта. 

ПретходноДенеска на ЕП 2026: Раул и Србија на мегдан со Германците, “Коцкестите“ на стартот против Грузија
СледноИ Дон Флорентино претера: Кој ќе им свирка на играчите на Реал ќе „лета“ од „Бернабеу“! (ФОТО)