Мајкл Карик: Се чувствувам гордо

271

Екипата на Манлестер Јунајтед денеска во феноменално одигран меч забележа победа во градсткото дерби против тимот на Манчестер Сити. Новиот менаџер на Јунајтед, Мајкл Карик имаше свое деби и тоа какво. Со голема победа.

„Сакавме да одиграме добро и во мечот да внесеме она што мислевме дека ќе ни помогне. Секако дека сакавме да се одбраниме добро. Чувствувавме дека сме поопасни во транзиција“ – рече Карик по мечот и продолжи.

„Кога ја имавме тошпката мислам дека изгледавме опасно. Не можев да побарам повеќе. Момците одработија тактички се што побарав. Вчера реков дека Олд Трафорд е волжебно место и денеска навистина беше така. Не би сакал премногу да зборувам за Пеп и за тактиката. Тоа е неверојатен тренер, Сити е одличен тим. Не е мое јавно да ги коментирам. Сакавме да ги искористиме нашите јаки страни. Два играча широко, Амад и Доргу. Беа фантастични. Мбеумо и Бруно, Куња влезе и направи разлика. Маунт беше близу до гол. Се беше онака како што се надевавме“ – изјави Карик.

 

ПретходноАрсенал со бод од Нотингем, но со зголемена предност на врвот
СледноПомошникот на Конте излезе со информација: Елмас има грип!