Милосављев после големата победа со кратка порака: „Auf Wiedersehen“ (ВИДЕО)

352

Србија е во екстаза. Ретко кој веруваше дека ќе успее да ја урне големата Германија и да остане во игра за пласман во главната рунда. Беше на негатива од четири гола на одморот, со играта не најавуваше дека може да приреди пресврт.

„Ел Команданте“ – Раул Гонзалес и неговите момци после одморот на теренот излегоа како друг тим, се вратија во мечот и на крајот победија со 30-27 и ги располакаа 9.000 Германци на трибините.

Веднаш после мечот, емоциите го понесоа Дејан Милосављев, кој беше краток: Auf Wiedersehen.

 

ПретходноВирц: Ова реми е исто како да сме загубиле
СледноЈуве шокиран на Сардинија, Каљари слави