Новак за Синер и Алкараз пред стартот на АО:„Тие се на повисоко ниво“!

72
ФОТО: Rolex Shanghai Masters/FB

Новак Ѓоковиќ во пресрет на стартот на АО на кој ќе ја “брка“ својата 25-та гренслем титула, на прес – конференцијата имаше опсежен коментар за се она што го чека него во Мелбурн.

Во врска со заминувањето во пензија кажа дека во моментов не размислува за тоа, а даде и една изјава со која како да ги загрижи своите фанови:

Знам дека кога сум здрав и кога ќе успеам да ги составам сите парчиња од сложувалката на правилен начин во даден ден, можам да победам секого. Да ја немав таа самодоверба и верба во себе, немаше да седам тука, да разговарам со вас или да се натпреварувам. Свесен сум дека Синнер и Алкараз играат на повисоко ниво во моментов, но тоа не значи дека никој друг нема шанса. Затоа секогаш верувам во моите способности, на кој било турнир, а особено тука“искоментира најдобриот тенисер на сите времиња.

ПретходноПогледнете како реагираше Клоп кога го прашаа за Мадрид! (ВИДЕО)
СледноСилекс во Анталија ќе се “тестира“ со Согдиана на Дориев, Бунјодкор, Словачко… (ФОТО)