Почина претседателот на Фиорентина

167
Фото: Фиорентина Х

Фиорентина извести дека претседателот на клубот, Роко Комисо, починал по долго боледување.

Шефот на „виолетовите“ наполни 76 години минатиот ноември, а во долга порака на веб-страницата на клубот, Фирентинците изразија благодарност за успесите на првиот тим во Италија и на меѓународните турнири, како и сочувство до семејството на Роко.

„Во овој момент на голема тага, искрена мисла им упатуваме на сите во Фиорентина – персоналот, играчите и вработените – на сите што го познаваа Роко, на целата заедница и пред сè на сите момчиња и девојчиња кои ќе продолжат да ги носат боите во сеќавањето на нашиот Роко низ цела Италија и светот. Ни недостигаш и секогаш ќе ни недостигаш.“ – напиша клубот по смртта на Роко.

ПретходноКлиперси ја добија драмата со Торонто (ВИДЕО)
СледноМакедонските судии Митревски и Тодоровски на теренот во Осло