„Радувајте се за ракометот, во март ќе „плачете“ поради фудбалот“

624

Првите од двете пресметки на спортски план меѓу Данска и Македонија заврши во корист на еден од домаќините на Европското ракометно првенство. Светскиот и олимписки првак на дело покажа зошто е фаворит за златниот медал на континенталното натпреварување, извојува убедлива победа против младиот состав на Кирил Лазаров од 36-24.

Но, имаме шанса за реванш, и тоа во март. Добро е познато до македонската фудбалск репрезентација ќе се соочи со Данска во рамките на полуфиналето во баражот за пласман на Светското првенство.

Мечот се игра на 26 март на стадионот „Паркен“ во Копенхген, а дел од „Фалангата“ која ги бодри ракометарите порача дека во март – Македонија ќе го добие дуелот и ќе се реваншира за вчерашниот пораз.

„Нека се радуваат сега, навистина се репрезентација за почит, играат врвен ракомет и тоа мора да им го признаеме. Но, веруваме дека во март ќе успееме да им се реваншираме за овој пораз, па фудбалерите во Копенхаген ќе ги победат и ќе се пласираат во финалето“, се дел од коментарите на македонските навивачи во Хернинг.

ПретходноТиквеш вели, Анталија доаѓаме….
СледноЕмре Џан и донесе три бода на Борусија Дортмунд