Салах и Мармуш трагичари, Нигерија е „бронзена“ на КАН 2026

47
фото: AFCON (X)

Нигерија го освои бронзениот медал на Африканскиот куп на нации во Мароко, откако беше подобра од Египет во натпреварот за третото место вечерва во Казабланка.

Во 90. минути на теренот немаше голови, па веднаш се отиде на изведување на пенали, каде „Супер орлите“ славеа со резултат од 4:2.

Трагичари за Египет беа неговите најголеми ѕвезди Мохамед Салах и Омар Мармуш. Одличниот голман Нвабали ги одбрани пеналите и со тоа го отвори патот за триумф на Нигерија.

Нигеријците го завршија турнирот непоразени, но во полуфиналето испаднаа на пенали од Мароко.

Утре во 20:00 часот во Рабат, во големото финале ќе се сретнат Мароко и Сенегал.

ПретходноПикерот на Вардар доби суспензија од два меча на ЕП 2026
СледноБосанци ќе го судат дуелот меѓу Македонија и Португалија