Јунајтед е господар во Манчестер (ВИДЕО)

173

Тимот на Манчестер Јунајтед е победник во големото градско дерби кое што предмалку заврши. Триумф од 3:0 над тимот на Сити, на легендарниот Олд Трафорд, каде што Јунајтед одигра речиси перфектен меч и не му дозволи на реално залетаниот ривал воопшто да се наметне и да дојде до шанса за победа.

Јунајтед уште од стартот на мечот покажа дека има намера со неговиот нов менаџер Мајкл Керик да дојде до три бода и тоа и се случи.

Два поништени гола во првиот дел, за да во второто полувреме тоталнмата доминација биде валоризирана со голот на Мбеумо во 65. минута, за да Доргу во 76. минута зголеми на 2:0.

Капитулацијата на Манчестер Сити на овој меч ја „потпиша“ Мејсон Маунт во судиското продолжение на асистенција на Куња, постигнувајќи гoл за 3:0, но и овој погодок беше поништен поради офсајд

 

 

ПретходноПелистер го промовираше Милан Србијанац (ВИДЕО)
СледноВардар со лоша прва контрола во Анталија