АО: Алкараз тргна со рутинска победа, сигурен и Зверев

28
фото: Carlos Alcaraz Daily @alcarazdaily (X)

Најдобриот тенисер на светот, Карлос Алкараз, го започна Австралија Опен со победа.

Алкараз играше против локалниот натпреварувач Адам Волтон и победи со 3:0 во сетови по два часа и осум минути игра. Шпанецот го доби првиот сет со резултат од 6:3, а потоа Волтон пружи одличен отпор во вториот и стигна до тај-брејк, но не можеше да израмни во сетовите и Алкараз поведе со 2:0 со резултат од 7:6(2).

Во третиот сет, концентрацијата на Волтон попушти, а Алкараз рутински го заврши третиот сет и мечот со резултат од 6:2.

Меѓу другите резултати, вреди да се издвои победата на Александар Зверев над Габриел Дијало од 3:1, како и сигурните настапи на Франсес Тиафо против Џејсон Кублер и Франциско Черундоло против Жижен Жанг, кој славеше со 3:0.

ПретходноПроблем за Флик: Барса без Рафиња вечерва против Сосиедад
СледноГолемо засилување за Осогово: Велинов се врати дома! (ФОТО)