Кузмановски: Веднаш би го сменил рекордот за победа против Португалија

1999

Филип Кузмановски денеска на дуелот против Португалија, на кој одигравме реми 29:29, постигна фантастични 15 гола. Рекорд со кој што го мина сегашниот селектор Кирил Лазаров. Тој на Европско првенство во Србија 2012 година Кире постигна 12 гола, а денеска Фитиљ запиша 15. Штета, што истиот не беше круниран со победа, за која што реално имавме шанса.

„Лазаров ми беше идол. Нека биде горд на мене. Навистина не бркам рекорди, и мене ми претставува. Учам од него. Ниту знаев дека имал Лазаров 15 гола некогаш. Горд сум што можам да се споредам со него. Еден од најголемите во Македонија. Голем мотив е да се наследи некој како него. Горд сум и на моите соиграчи кој што ми помогнаа. Веднаш би го сменил овој рекорд да победа против Португалија.  Некако е тешко сега да се говори, како што кажав и по мечот со Данска навистина верувавме во себе. Знаевме дека имаме квалитет. Дека можеме да одиграме добро против Португалија. Фокусот беше на овој меч и на оној против Романија. Денот беше посебен. Сите имаа крв во очите. Сите покажавме како се игра за Македонија. Да го повториме овој меч. Но со ладни глави. Анализа и подготовка за следниот меч“ – изјави по мечот Филип Кузмановски.

ПретходноМартин Томовски: Не се предадовме, на крајот можевме и да победиме!
СледноЛазаров: Честитки за одиграното, Македонија е деградирана и мора да се бори со тоа